петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Илјадници луѓе во Техеран го слават назначувањето на новиот врховен водач

Илјадници луѓе во Техеран го слават назначувањето на новиот врховен водач

1941
Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Во Иран, поддржувачите на режимот излегоа на улиците на Техеран за да го прослават назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач.

Снимките и фотографиите покажуваат луѓе на јавниот собир како носат слики од Моџтаба Хамнеи и неговиот татко Али, кој беше убиен во американско-израелските напади минатата недела, објавува „Би-би-си“.

Агенцијата „АФП“ објавува дека илјадници луѓе утрово дошле на централниот плоштад во иранската престолнина за да изразат лојалност кон новиот водач на земјата.

Додека некои славеа јавно, други изјавија за „Би-би-си“ дека е „полош од својот татко“ и се надеваат дека ќе ја доживее истата судбина.

ИЗДВОЕНИ