четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ ИДФ објавија дека иранскиот генерал Ешаги е убиен во воздушен напад

ИДФ објавија дека иранскиот генерал Ешаги е убиен во воздушен напад

49

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека високиот ирански генерал Џамшид Ешаги, кој бил задолжен за финансиските и нафтените операции на вооружените сили, бил убиен во воздушен напад во Иран за време на викендот.

Израелската армија соопшти дека Џамшид Ешаги бил началник на таканаречениот „нафтен штаб“ на Иран, за кој тврди дека игра клучна улога во финансирањето на воените активности на земјата, објави „Тајмс оф Израел“.

Според официјалните податоци, Ешаги служел како началник на буџетските и финансиските прашања во Генералштабот на иранските вооружени сили, телото кое координира помеѓу редовната армија и Револуционерната гарда.

Израелските одбранбени сили оценија дека „нафтениот штаб“ е составен дел од иранските воени структури, што овозможува продолжување на активностите и зајакнување на армијата преку приходи од продажба на нафта.

„Со години, Револуционерната гарда и другите воени структури во Иран се финансираат со големи буџети од приходите од нафта, заобиколувајќи ги меѓународните санкции“, се вели во соопштението.

Револуционерната гарда на Иран ја потврди смртта на Ешаги вчера по израелскиот напад во саботата, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ