Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека е уверен дека Иран целосно ќе го запре збогатувањето на ураниум и ќе се откаже од развојот на нуклеарно оружје, и покрај фактот дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран сè уште не постигнале напредок.
„Сто проценти ќе го запре тоа“, рече Трамп во интервју за утринската програма емитувана на њујоршкото радио VABC, одговарајќи на прашањето дали верува дека Иран може да биде спречен да развие нуклеарно оружје.
Тој изјави дека лично бил вклучен во разговорите со иранските претставници.
„Имам контакт со нив. Тие рекоа дека ќе добиеме „прашина“. Јас ја нарекувам нуклеарна прашина затоа што тоа е вистинскиот термин. И ние ќе ја добиеме“, рече Трамп.
Американскиот претседател рече дека САД не треба да брзаат за да постигнат договор.
„Нема да брзаме со ништо, имаме блокада“, рече Трамп.
Неговите коментари доаѓаат еден ден откако тој рече дека прекинот на огнот меѓу САД и Иран е на „многу слаба основа“ по последниот контрапредлог на Техеран, кој го опиша како „неприфатлив“, објави „Танјуг“.












