
Јеменските Хути во неделата, првпат по обновувањето на борбите, насочија ракета кон главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Саудиските власти соопштија дека била пресретната ракетата, додека Хутите презедоа одговорност за нападите со ракети и со дронови врз цели во престолнината и врз нафтени објекти.
Американскиот Стејт департмент издаде безбедносно предупредување во кое оценува дека воениот конфликт би можел брзо да ескалира. На американските граѓани во регионот им е препорачано да бидат особено внимателни, додека оние што се надвор од Блискиот Исток се повикани сериозно да го преиспитаат патувањето кон и низ регионот. Вашингтон предупреди и за можни откажувања на летови, затворање на воздушниот простор и за друго нарушување во транспортот.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој требало да го помине викендот во претседателската резиденција „Кемп Дејвид“, во саботата неочекувано се вратил во Белата куќа. Белата куќа не даде објаснување за тоа.
Хутите контролираат голем дел од Јемен и во последните недели го засилија воениот притисок врз Саудиска Арабија. Нападот врз Ријад е значаен, бидејќи досега не беше главна цел во актуелната фаза на борбите.











