Во просториите на Општина Аеродром денеска се спроведува крводарителска акција во соработка со ЈЗУ ГОБ „8 Септември“, со цел да се обезбедат драгоцени единици крв за оние на кои им се најпотребни.
Крв даруваше градоначалникот Дејан Митески заедно со голем број вработени во општинската администрација, како и хумани граѓани кои ја потврдуваат важноста на солидарноста и грижата за другите.
-Секој дарител дава можност за нов живот, а секоја донација е чин на човечност. Им благодариме на сите што се вклучија и со својата хуманост придонесуваат во спасувањето човечки животи. Да ја негуваме хуманоста и да поттикнуваме што повеќе луѓе да даруваат крв, затоа што заедно можеме да направиме вистинска разлика – порачуваат од локалната самоуправа.












