петок, октомври 9, 2026
Дома МАГАЗИН Хајди го шета кучето – eдна посебна музичка магија

Хајди го шета кучето – eдна посебна музичка магија

18

Сонот им се оствари, па членовите на новата поп-рок атракција, „Хајди го шета кучето“, од неодамна „растураат“ по радиостаниците со песната „Флуид“. Во чекор со новата временска машина во некоја друга димензија, групата е во потрага по нешто што не може да се опише со зборови. Многумина велат дека е некоја посебна магија што трае онолку долго колку и слатките музички ноти. Таквата магична средба со музичка поврзаност што не може да се опише се случила во вистинскиот живот, додека Хајди сè уште била тинејџерка.

 – Песната ја напишав откако првпат отидов на концерт на мојот тогашен голем идол. Се пробив во првиот ред во публиката и си вградив во глава дека тој, во целата таа навалица, ме забележал токму мене и дека се родила некаква посебна „врска“ меѓу нас. Тоа, се разбира, немаше никаква врска со реалноста. Долго време потоа размислував за тој концерт и им раскажував на пријателите, а потоа го преточив сето тоа во една ваква песна. Среќна сум што им се допадна на момците од бендот, што е дел од нашиот репертоар и што веќе ја пеат голем број луѓе – објаснува оваа атрактивна пејачка на групата.

Инаку, во самиот спот, момците од бендот ги глумат ликовите од потерницата, оние по кои трага самата Хајди. Тоа, всушност, е алузија на онаа посебна енергија што ја почувствувала кон својот идол таа вечер, на концертот. Кога, конечно, ќе се сретнат тие две страни, настанува она што го нарекува бендот своја формула, која функционира дури и во постапокалиптичната иднина. Текстот и музиката на овој сингл ги потпишува Смиљана Штрбац, како една тинејџерска анегдота што ја претворила во песна. Продукцијата е во рацете на Лео Анѓелковиќ, кој го насочил звукот во поп-рок правец, со доза на електропоп. Строфите се атмосферични, рефренот е експлозивен, а резултатот е спој на клупска енергија и на рок-жестина.

Главен виновник за визуелниот идентитет на овој футуристички спот е познатиот режисер Динко Доринго. Спотот е естетизиран како модерен киберпанк-трилер, проткаен е со неонски светла, постапокалиптични мотиви и мистериозна атмосфера.

Не е важно дали станува збор за една концертна вечер или за три минути во далечната иднина, бидејќи и во двата случаи некој стоел во првиот ред и верувал дека му се случува нешто особено токму нему. Некогаш тоа била таа Хајди на концертот, а сега тоа се гледачите на спотот. Новата песна е достапна на сите стриминг-сервиси на македонските радиостаници.

ИЗДВОЕНИ