сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Христос воскресе! Православните верници го слават Велигден, победата на животот над смртта/ФОТОГАЛЕРИЈА

Христос воскресе! Православните верници го слават Велигден, победата на животот над смртта/ФОТОГАЛЕРИЈА

309
Фото: Ѕ.Плавевски

Христијаните денеска го слават Велигден – најрадосниот празник во христијанскиот календар, посветен на воскресението на Исус Христос. Ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Празникот ја носи пораката за обновата на животот и победата на животот над смртта, како темел на христијанската вера.

Во велигденската честитка традиционално одекнува поздравот „Христос воскресе!“, на кој се одговара „Навистина воскресе!“, како сведоштво за верата и надежта што ја носи празникот.

Велигден, заедно со Божиќ, се смета за еден од двата најголеми христијански празници. Тој е подвижен празник и се пресметува според црковниот календар, па секоја година паѓа на различен датум.

Кај источните христијани, Велигден може да се празнува во период од 4 април до 8 мај, а кај западните христијани датумот секогаш се движи меѓу 22 март и 25 април.

ИЗДВОЕНИ