Бразилскиот Институт за форензичка полиција идентификуваше 19-годишен младич кој во неделата почина откако го нападна лавица во зоолошка градина.
Тој, според извештаите, преминал шестметарски ѕид, ги пробил сигурносните огради, искористил стебло како потпора и влегол во просторот на лавицата, пренесе бразилски „Глобо“.
Видео-снимките од посетителите покажуваат како младичот се качива на страничната структура на кафезот, а потоа влегува во просторот користејќи стебло за потпора, по што е нападнат.
Полицијата и ИПЦ веднаш излегле на местото на трагичниот инцидент.
Според извештаите на локалните медиуми, младичот имал ментални нарушувања.
Зоолошката градина е затворена по инцидентот, а посетите се прекинати без најава кога ќе бидат дозволени.
Локалните власти соопштија дека започнале истрага за околностите на несреќата, изразија сочувство до семејството и нагласија дека паркот ги почитува техничките и сигурносните стандарди.
ИЗДВОЕНИ

Нема да се реализира најавениот протест на превозниците за 14 септември

Осудените за Ласкарци излегуваат од затвор – Врховен го укина решението на Апелација, одлуката ќе ја објаснеле за една недела

Не се од Буџетот, од Државна лотарија се – 5 и пол милиони евра за „Силно светнал ден“

„Ниту еден обвинет не смее да биде спасен од бавноста на системот“, порачаа родителите








