Хезболах објави дека извршила напади со беспилотни летала врз две воени цели во Израел

24

Либанската милитантна проиранска група Хезболах денеска објави дека извршила напади со беспилотни летала врз израелската воена база Хакири во Тел Авив и врз воената база Амос на северот на Израел.

Ројтерс наведува дека немало предупредувачки сирени пред нападот на базата во Тел Авив и дека досега никој во Израел не зборувал за нападот.

Во базата Хакири, која е и воен и владин центар, се сместени штабовите на неколку воени ентитети, вклучувајќи го и воениот кабинет, и се наоѓа во прометна област на градот, веднаш до голем трговски центар и железничка станица. пренесува Танјуг.

Хезболах тврди дека втората цел на нападот е воената база Амос во близина на северниот израелски град Афула, транспортен и воено-технолошки центар на израелските безбедносни сили (ИДФ).