Шолц потврди дека Бундестагот ќе гласа за доверба на Владата на 16 декември

11

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа за тоа на 16 декември, со што ќе се отвори патот за вонредни избори кои ќе се одржат на 23 февруари следната година.

Во обраќањето пред германскиот парламент, Шолц рече дека е „неопходно, правилно и неизбежно“ да се разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, и покрај падот на владејачката коалиција.

Тој додаде дека е благодарен што на крајот на февруари ќе се одржат нови избори.

Социјалдемократите, Зелените и демохристијаните му го предложија тој план на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

Шолц рече дека има „итни прашања“ за кои германските партии треба да се договорат пред изборите, како што се зголемувањето на детските додатоци, фискалните прашања и инфлацијата.

Германскиот канцелар повика и на поголема заштита на Уставниот суд на Германија.

Пред три дена Шолц во интервју за јавниот сервис АРД рече дека ако сите се согласат дека нема проблем да го постави прашањето за доверба на владата пред Божиќ.

Како што претходно објави „Билд“, во Бундестагот се одржува „историска дебата“ на која присуствува целата прва гарда на германската политика.

Самиот канцелар Шолц зборуваше 30 минути, а потоа лидерот и кандидат на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) за канцелар Фридрих Мерц, министерката за надворешни работи Аналена Бербок, лидерот на ФДП Кристијан Линднер, кандидатот на АфД за канцелар Алис Вајдел. . На седницата ќе се обрати и лидерот на Христијанско-социјалната унија и премиер на Баварија, Маркус Зедер.