Тимот на Хас донесе неочекувана одлука да ја прекине соработката со Естебан Окон, кој повеќе нема да настапува за американската екипа во Формула 1. Неговото место во остатокот од сезоната ќе го заземе младиот бразилски возач Рафаел Камара, кој првично требаше да му се приклучи на тимот од следната сезона. Главна причина за разделбата се слабите резултати на Французинот, кој оваа сезона освои само седум бода, наспроти 23. на тимскиот колега Оливер Берман.

Покрај разочарувачките настапи, проблем претставувале и нарушените односи во тимот. Окон имал несогласувања со шефот на екипата, Ајао Комацу, како и со други членови на Хас.

Сега останува неизвесно дали ќе најде нов ангажман во Формула 1 или ова ќе биде крај на неговата кариера во најбрзиот циркус на светот.

Интересно е што заминува по точно 199 настапи во Формула 1, во која претходно возеше и за Манор, Форс Индија и за Алпин. Во Хас помина две години, но разделбата дојде под далеку понепријатни околности од очекуваното.

ИЗДВОЕНИ