Три лица починаа на експедицискиот крстосувач MV Hondius, меѓу кои и еден германски државјанин, а сега се организира специјален медицински лет за транспорт на контакти на заразени лица и дел од екипажот.
Според информациите, лицето за контакт на починатата Германка – исто така германски државјанин – заедно со двајца членови на екипажот ќе бидат префрлени во Амстердам, а потоа транспортирани во Дизелдорф, каде што ќе биде хоспитализирани и тестирани на Универзитетската клиника, пишува германскиот Билд.
Засега не е познато дали жената е заразена, бидејќи нема симптоми, но била во близок контакт со починатото лице.
Поради високиот ризик, во транспортот е вклучен специјален тим за итна медицинска помош од Дизелдорф, придружуван од конвој од седум возила.
Според Светската здравствена организација, на бродот постои сомнеж за појава на хантавирус, а се истражува и можноста за пренос од човек на човек – што е реткост за оваа болест.
На бродот се воведени строги мерки за изолација, а патниците остануваат во своите кабини додека се врши дезинфекција. На бродот се наоѓаат само медицински работници во заштитна опрема.
Бродот моментално е во карантински процедури додека Шпанија разгледува дозвола за застанување на Канарските Острови, иако постои политички и безбедносен отпор од локалните власти.












