четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Група поврзана со Иран го хакирала електронската пошта на директорот на ФБИ,...

Група поврзана со Иран го хакирала електронската пошта на директорот на ФБИ, протекоа лични податоци

81

Хакери поврзани со Иран тврдат дека ја компромитирале личната е-пошта на директорот на ФБИ, Каш Пател, и објавиле фотографии и други документи на интернет, објави Ројтерс.

Група која се нарекува себеси „Тим за хакирање Хандала“ на својата веб-страница објави дека Пател „ќе биде на списокот на успешно хакирани жртви“.

Службеник на Министерството за правда на САД потврди дека е-поштата на Пател навистина била хакирана, велејќи дека објавениот материјал изгледа автентичен.

ФБИ сè уште не коментираше за случајот, а хакерската група не одговори на барањата на медиумите.

Хандала се претставува како пропалестинска „одмаздничка“ хакерска група, а според западните истражувачи, тоа е еден од неколкуте идентитети што ги користат актерите поврзани со Иран.

ИЗДВОЕНИ