вторник, октомври 20, 2026
Дома БАЛКАН Грција го претстави „Дедал“ можниот суперкомпјутерсо брзина од 85,69 петафлопси

Грција го претстави „Дедал“ можниот суперкомпјутерсо брзина од 85,69 петафлопси

0
screenshot X PrimeministerGR

Грција го претстави новиот суперкомпјутер, „Дедал“ (Daedalus), кој со брзина на обработка од 85,69 петафлопси отвора нови можности за развој на напредни модели на вештачка интелигенција во земјата.

„Дедал“ е најмоќниот суперкомпјутер некогаш инсталиран во Грција. Според достапните податоци, системот – во кој се инвестирани 58,9 милиони евра – се наоѓа на 31-то место во светот според компјутерската моќ.

Како што пренесува „Еуроњуз“, целта на грчкиот суперкомпјутер е да го поттикне домашното технолошко производство и да ја намали зависноста од компјутерски капацитети лоцирани во странство.

„Дедал“ создава средина која им овозможува на универзитетите, истражувачките центри, деловните субјекти, јавните институции и здравствените организации да развиваат и обучуваат напредни модели на вештачка интелигенција (ВИ), да обработуваат огромни количества податоци и да спроведуваат сложени пресметковни проекти, користејќи инфраструктура лоцирана во Грција.

Суперкомпјутерот е сместен во историската зграда на поранешна електрана во Технолошкиот и културен парк „Лаврион“ (Lavrio), кој функционира под покровителство на Националниот технички универзитет во Атина. Националната инфраструктура за истражување и технологија (EDYTE – GRNET) ја презеде одговорноста за управувањето и техничкото функционирање на системот, а исто така го надгледуваше и спроведувањето на проектот.

Грчкиот министер за дигитално управување и вештачка интелигенција Димитрис Папастергиу ги спомена и Македонија, Србија, Кипар и Малта како земји со кои постојат можности за регионална соработка во користењето на новата технолошка инфраструктура. Истовремено, Грција подготвува уште еден суперкомпјутер во Кожани, за кој е предвидена набавка на опрема и софтвер во вредност од 21,57 милиони евра.

Со овие инвестиции, Грција настојува да ја зајакне својата позиција во европскиот технолошки сектор и да создаде услови за развој на нови компании и услуги засновани на вештачка интелигенција.

ИЗДВОЕНИ