Грабнале малолетник и го тепале во автомобил

317

Драма се случувала во Тетово пред три дена кога двајца решиле да ги земат работите во свои раце и да расчистат со други двајца кои ја тепале ќерката на еден од пријавените. Осомничените го грабнале првиот тетовец на 5 мај утрината и влечејќи го за рацете го пикнале во БМВ Х5, каде што почнале да го удираат со тупаници по главата барајќи од него да каже кои се луѓето кои земале пари од ќерката на едниот. Тепаниот кажал две имиња и нивните адреси. Додека прашувале за луѓето, грабнатиот искористил момент и им избегал, право во полиција за да ги пријави.

„Истиот ден попладне, во близина на зградата на Основниот суд во Тетово, двајцата осомничени извршиле грабнување и на едно од посочените лица –шеснаесетгодишно дете. Малолетникот, исто така, на сила го внеле во автомобилот, започнале да го удираат со тупаници и да бараат од него да каже зошто ја тепал ќерката на еден од осомничените. На детето му го зеле мобилниот телефон и го натерале да го отвори за да му ги прочитаат пораките, а потоа на паркинг го симнале од возилото и продолжиле да го удираат со тупаници и железна палка. Во еден момент малолетникот успеал да им избега и да го пријави настанот, ги пренесува деталите од случката тетовското обвинителство

Двајцата ќе одговараат за потежок облик на делото бидејќи станува збор за грабнување на малолетник. ОЈО Тетово, од судија на претходна постапка бара мерка притвор.

ИЗДВОЕНИ