Синоќешниот почеток на новата сезона (на телевизија „Сител“, од 21:15 ч.) на најпопуларното балканско ТВ-шоу, „Ѕвездите на Гранд“, веќе донесе, без дилема, нова музичка ѕвезда. Тоа е, според сите кажувања, атрактивната македонска поп-пејачка Тамара Волческа, која доаѓа од Гостивар и која направи вистински позитивен хаос во шоуто. Таа и со гласот и со ставата ги воодушеви и жирито и публиката. Со својот моќен вокал, сценскиот настап, неверојатната интерпретација, освои дури шест гласа од жирито и директно се пласираше во вториот круг од ова натпреварување. Најсилен коментар ѝ упати мегаѕвездата Цеца Ражнатовиќ: „Талентот е талент. Ти си вредна за внимание. Ти си вистински бисер што дојде од Македонија! Ти посакувам многу среќа!“
(Д. М.)












