недела, ноември 15, 2026
Дома СВЕТ Песков откри каде и кога ќе се одржи средбата меѓу Путин, Трамп...

Песков откри каде и кога ќе се одржи средбата меѓу Путин, Трамп и Шји Џинпинг

0
Фото: EPA

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега Шји Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржат трилатерална средба во кинескиот град Шенжен на 19 ноември.

Средбата ќе се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), објави руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на портпарол на Кремљ.

„Постигнат е договор за одржување трилатерална средба меѓу претседателот Путин, претседателот Шји и претседателот Трамп на 19 ноември. Оваа средба ќе се одржи во Шенжен, на маргините на самитот на АПЕК“, изјави портпарол на Кремљ.

Како што пренесе британската новинска агенција Ројтерс, Трамп претходно оваа недела навести дека е можна ваква средба.

Трамп планира да разговара за војната во Иран со Шји и Путин, но ќе ја избегне темата за Украина, изјави денеска неименуван висок американски функционер, додавајќи дека не се очекува постигнување никакви договори.

Според американската новинска агенција АП, станува збор за средба без преседан меѓу лидерите на главните светски нуклеарни сили, сепак, аналитичарите сметаат дека шансите за постигнување значителен напредок се мали и ја нагласуваат симболичната природа на оваа средба.

ИЗДВОЕНИ