четврток, август 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гори во Македонски Брод и Струмица: Два активни пожари на отворено од...

Гори во Македонски Брод и Струмица: Два активни пожари на отворено од евидентирани 18

28

До 18 часот денеска во земјава се евидентирани 18 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на локалитетот Стојанова Населба, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица, меѓу селата Ново и Старо Коњарево, каде што гори стрниште.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево, кај селото Падалишта во Гостивар, на дивата депонија во селото Долна Белица во Струга, како и пожарот кај селото Блато, во атарот на Врбјани, општина Кривогаштани.

Изгаснати се 12 пожари на територијата на општините Босилово, Валандово, Гевгелија, Гостивар, Желино, Брвеница, Неготино, Сарај, Штип, Чешиново-Облешево и два во Гази Баба.

ИЗДВОЕНИ