четврток, ноември 19, 2026
Дома СВЕТ Гори симболот на Ријад: Во напад на Хутите погоден највисокиот облакодер/ВИДЕО

Гори симболот на Ријад: Во напад на Хутите погоден највисокиот облакодер/ВИДЕО

0

Облакодерот во кој се наоѓа седиштето на саудискиот суверен фонд во Ријад денеска бил оштетен во напад, соопштија очевидци за светските агенции.

Инцидентот се случил неколку часа откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Хутите во Јемен, а остатоци од неа паднале врз главниот град.

„Фасадата е оштетена на неколку ката, а стаклата се искршени“, изјавил извор кој побарал да остане анонимен. Уште двајца извори ги потврдиле оштетувањата на облакодерот.

Станува збор за највисоката зграда во финансискиот кварт на Ријад, објект на 80 катa. Друг облакодер во квартот, во сопственост на нафтениот гигант „Арамко“, беше оштетен на почетокот на месецов во напад на Хутите, поддржани од Иран.

ИЗДВОЕНИ