четврток, август 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари...

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

0

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На терен дејствуваат „ер тракторите“ на ДЗС, кои од воздух интервенираат врз зафатеното подрачје.

Во Никуштак се распоредени и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, кои од земја учествуваат во справувањето со огнот.

Видеоинсертите од терен ја прикажуваат интервенцијата на воздухопловите на ДЗС, како и екипите на ТППЕ Куманово кои се на позиција во Никуштак.

ИЗДВОЕНИ