петок, октомври 9, 2026
Дома БАЛКАН Голема акција против хибридни закани: Во Црна Гора уапсен рускиот пропагандист Звинчук

Голема акција против хибридни закани: Во Црна Гора уапсен рускиот пропагандист Звинчук

0
screenshot Youtube

Михаил Звинчук, основачот на руската пропагандна мрежа „Рибар“, е уапсен утринава во Црна Гора со неколку соработници во рамките на операција против хибридни активности, пишува „Правда“.

Полицијата ја спроведе операцијата во Рисан. Меѓу уапсените се и сопругата и соработничка на Звинчук, Валерија Звинчук, како и уште три лица. Акцијата ја спроведува црногорската полиција во координација со Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Властите на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави ја поврзуваат мрежата „Рибар“ со ширење на пропагандата на Кремљ и со операции за информациско влијание. Британската влада наведува дека Звинчук е сосопственик и директор на „Рибар“.

Според нивните информации, работата на мрежата делумно ја координира канцеларијата на рускиот претседател Владимир Путин, ја финансира државната корпорација „Ростек“, а соработка има и со руските тајни служби.

Звинчук е под санкции на Обединетото Кралство, додека американското Министерство за надворешни работи го стави на списокот на лица поврзани со злонамерно влијание врз американските избори.

Американскиот Стејт департмент преку својата програма „Награди за правда“ (Rewards for Justice) нуди до 10 милиони долари за информации кои можат да помогнат во идентификацијата или лоцирањето на странски актери кои се мешаат во американските избори.

Награда се однесува и на информации за соработниците на мрежата „Рибар“, како и на податоци кои можат да спречат такви активности.

ИЗДВОЕНИ