Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, објасни на прес-конференцијата во Индијан Велс зошто сè уште игра професионален тенис. Ѓоковиќ ќе наполни 39 години во мај, но сè уште е мотивиран да се бори со конкуренцијата која е речиси 20 години помлада.
Целите се јасни, а во Мелбурн покажа дека сè уште може да игра на врвно ниво.
„Многу зборував за тоа во последните години. Целите секогаш се тука – сакате титули, сакате гренд – слем титули. Бев блиску во Австралија, беше неверојатен почеток на годината. Си докажав себеси и на другите дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и ги победив тие момци (Синер и Алкарас). Мојата логика е – зошто да не продолжам сè додека имам тој оган, квалитет и мотивација? Мојот распоред е понејасен сега, фокусиран е на слем титулите, јас бирам каде ќе играм и поради емоциите и брендот. Сè уште сум на врвот, сè уште ја имам таа острина“, рече Ѓоковиќ.
Тој истакнува дека се чувствува добро.
„Се чувствувам најдобро што може да се почувствува човек. Тоа е секојдневно управување со телото. Основата што ја изградив во предсезоната е многу добра, можеби најдобрата во последните 3-4 години. Сезоната е долга, секогаш се појавува нешто со кое мора да се справите, но за среќа, во моментов нема ништо големо што би ме спречило да се натпреварувам. Се чувствувам добро.“












