недела, октомври 4, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Украина е подготвена за технички разговори со САД и Русија

Зеленски: Украина е подготвена за технички разговори со САД и Русија

0
EPA/SARAH MEYSSONNIER

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски ги даде овие изјави додека разговараше со новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува „Укринформ“.

„Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи состанок на техничко ниво во трилатерален формат до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ