Заврши 37. издание на фестивалот на патриотски песни! На свечено украсената сцена, исполнета со огромни букети цвеќиња, првпат во Театар „Комедија“, настапија голем број познати македонски пејачки имиња, главно, од народната музика: Ванчо Тарабунов, Јулија, Круме Спасовски, Серафина Фантаузо, Перо Цаца, Лилјана Прнаркова, Жаклина Узунова, Виданка Ѓорѓиевска, групата „Соната“, Петар Нечоски и многу други. Нивната изведба на патриотски песни беше исполнета со многу патриотска љубов кон татковината Македонија.
Измешано со патриотско скандирање: „Македонијо, Гоце, Гоце Делчев, Македонијо, те сакаме Македонијо, убавицо наша“, а по неколкучасовно пеење, синоќа заврши уште едно издание на патриотскиот фестивал „Гоце-фест“. По 37. пат! Но и овој пат, за голема жал, повторно истата слика: главно, незаинтересирани македонски медиуми, незаинтересирана Македонска телевизија за пренос, а станува збор за навистина преубави македонски патриотски песни, за земјата, родното огниште, за самиот херој Гоце Делчев… Едноставно кажано, да се наежиш.
На свечено украсената сцена, исполнета со огромни букети цвеќиња, првпат во Театар „Комедија“, настапија голем број познати македонски пејачки имиња, главно, од народната музика: Ванчо Тарабунов, Јулија, Круме Спасовски, Серафина Фантаузо, Перо Цаца, Лилјана Прнаркова, Жаклина Узунова, Виданка Ѓорѓиевска, групата „Соната“, Петар Нечоски и многу други. Нивната изведба на патриотски песни беше исполнета со многу патриотска љубов кон татковината Македонија. Награди немаше, па сите добија соодветни плакети од организаторот. Според нас, покрај распеано убавата Јулија, одлични беа и Петар Нечоски, Круме Спасовски со емотивната „За доброто на Македонија“, Катерина Брезева со „Соната“.
Сепак, највпечатлива беше извонредната Серафина Фантазуо, која испеа мошне добра песна – „Македонија како галија“. Не дека другите не беа исто така добри, но некако Фантаузо вешто се потруди, и со облеката и со пеењето, да го обележи годинашното издание на „Гоце-фест“.
А, овде воедно со причина да го додадеме и емотивното обраќање за фестивалот од познатата новинарка Милева Лазова која со години го следи: “Токму на 4 мај, денот на погибјата на македонскиот великан Гоце Делчев се разлеаа 20 нови патриотски и родољубиви песни на 37-от единствен уникатен фестивал ,,Гоце Фест,,. Беа доделени благодарници и плакети на сите учесници меѓу кој бев и јас. Како долгогодишен член на жири комисијата . Ќе напишам и една анегдота. Директорот Пеце Здравковски и оваа година ме покани да сум во жирито. А, јас му велам зошто пак бидејќи не работам веќе во ТВ (од како згасна ТВ Сонце). Тој ми одговори со насмевка на лицето ,,Тимот што победува не се менува,,. Ти благодарам директоре на довербата, ти благодарам за честа. Горда сум и среќна за нашата 25 г. соработка која со текот на годините стана длабоко и долго пријателство. Честитки Пеце и се гледаме на следното издание на ,,Гоце Фест“.
(Д. М.)












