Француската кошаркарска репрезентација има квалитет да се бори за највисоките одличја на големите натпреварувања, а нејзината прва ѕвезда, Виктор Вембањама, верува дека може да ги победи и Соединетите Американски Држави.

Со победата над Естонија, Французите ги обезбедија првото место во квалификациската група и пласманот на петтото последователно Светско првенство. Вембањама веќе размислува за настапот на Мундобаскетот, на кој очекува неговата селекција да атакува за највисок пласман.

  • Секако. Природно, Светското првенство ми е во мислите. Пред сè, целта е да се победи на секое натпреварување со француската репрезентација. Исто така, знаеме дека Светското првенство служи и како квалификациски турнир за Олимписките игри, па и тоа го имаме предвид. Тоа дефинитивно е нешто за што треба да се размислува – изјави кошаркарот на Сан Антонио.

На прашањето дали има Франција сила да ги надигра Американците во евентуална пресметка,  Вембањама одговори без двоумење.

  • Верувам дека имаме сè што е потребно за да ги победиме – во која било година. Претходната генерација веќе ги победи во групната фаза (на Олимписките игри во Токио). Но, да, секако, во денешно време, секогаш кога настапува францускиот тим на некој турнир, целта е ништо помалку од златен медал – порача Вембањама.

ИЗДВОЕНИ