Ги регулира хормоните, помага кај широк спектар на болести: Црниот ким се смета за Божја билка, а еве и зошто

246
Foto: Pexels

За да се избегне забуна, ова растение не е поврзано со кимот што го знаеме во нашата кујна и кој сакаме да го посипуваме на кифличките.

Имено, се работи за црн ким (лат. Nigella sativa) со потекло од југозападна Азија. Семето на ова растение се користи во медицината повеќе од 2000 години, а може да се купи и во форма на масло.

Црниот ким помага при широк спектар на заболувања: дигестивни нарушувања, надуеност, ослабен црн дроб, мигрена, разни воспаленија, габични, бактериски и вирусни инфекции и го поттикнува производството на млеко кај доилките. Ги регулира хормоните, го зајакнува имунитетот, помага при кожни болести, ги ублажува симптомите на алергија, ги зајакнува крвните садови…

Неговите лековити својства се споменати и во Библијата и во Куранот. Исламскиот пророк Мухамед рекол: „Црниот ким ги лекува сите болести освен смртта“.

ИЗДВОЕНИ