четврток, август 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Германски државјанин приведен во Радожда: Со дрон ја снимал армиската караула во...

Германски државјанин приведен во Радожда: Со дрон ја снимал армиската караула во забранета зона

0

Германски државјанин е приведен откако со дрон снимал армиска караула во струшкото село Радожда, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, вчера околу 14:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.С. (56) од Германија, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво според член 350 од Кривичниот законик.

Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, која е сопственост на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ), а се наоѓа во зона во која снимањето е забрането.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ