Францускиот претседател, Емануел Макрон, го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен во средат,а во службениот весник и формално стапи во сила, а неговата практична примена ќе почне дури кога ќе ги донесе Владата потребните прописи, објави „Фигаро“.
Тој закон овозможува одредени пациенти, под строго дефинирани услови, сами да си вбризгаат смртоносна супстанција, во присуство на здравствен работник. Доколку пациентот не е во можност сам да го направи тоа поради својата физичка состојба, евтаназијата ќе ја изврши здравствениот работник.
Вакво право добиваат возрасните лица, кои се француски државјани или долгорочни жители на Франција, што страдаат од тешка и неизлечива болест во терминална фаза. Но, Законот наведува дека самото ментално страдање нема да биде доволна основа за одобрување на медицински потпомогнатото завршување на животот, ниту дека лицата со тешки психијатриски нарушувања или невродегенеративни заболувања, како што е Алцхајмеровата болест, ќе имаат право на оваа постапка.
Сите трошоци за постапката ќе бидат покриени од францускиот систем за задолжително здравствено осигурување.












