Во околу педесет градови низ Франција за утре, 14 ноември, се најавени масовни протести.
Само во Париз се очекува да учествуваат помеѓу 30.000 и 60.000 луѓе, соопштија француските власти.
Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, изјави дека за протестите, кои се организираат поради високите трошоци за живот, ќе бидат распоредени околу 70.000 полицајци и жандармери, ист број како и оние распоредени за време на протестите минатата сабота, објави телевизијата БФМ.












