Франција и нуди воено разузнавање на Украина откако САД го прекина

22

Франција денеска соопшти дека и нуди разузнавачки информации на Украина, еден ден откако САД соопштија дека го прекинуваат споделувањето разузнавачки информации со Киев.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Ле Корнеј изјави дека Франција ги користи своите разузнавачки ресурси за да и помогне на Украина, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека споделувањето разузнавачки информации со САД е прекинато од вчера и додаде дека ситуацијата за Британија, која е дел од разузнавачката заедница со САД, е посложена.

САД во средата соопштија дека го замрзнале споделувањето разузнавачки информации со Украина, прекинувајќи го протокот на витални информации, но претставници на администрацијата на Доналд Трамп рекоа дека позитивниот момент во разговорите меѓу Вашингтон и Киев значи дека тоа би можело да биде само краток прекин.

Американското разузнавање е од витално значење за Украина бидејќи, меѓу другото, ги следи движењата на руските војници.

ИЗДВОЕНИ