сабота, јуни 27, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Фолксваген разгледува до 100.000 откази и затворање на четири фабрики

Фолксваген разгледува до 100.000 откази и затворање на четири фабрики

15

Извршниот директор на Фолксваген (VW), Оливер Блуме, планира да намали до 100.000 работни места и да го запре производството во четири германски фабрики, објави германскиот бизнис портал „Менаџер магазин“. Планот, исто така, вклучува намалување на планираните инвестиции за околу 15 проценти, објавува „Ројтерс“, на нешто над 130 милијарди евра (148 милијарди долари) во следните пет години.

Фолксваген, исто така, планира да го запре производството во своите фабрики во Хановер, Цвикау и Емден, како и во фабриката на Ауди во Некарсулм, кога постојните модели на возила ќе бидат повлечени од производство.

Предложените мерки би оделе подалеку од сегашната програма за намалување на бројот на вработени за 50.000 и доаѓаат и покрај договорот со синдикатите од 2024 година, кој ја исклучува можноста за затворање на фабрики во Германија оваа деценија.

Како што наведуваат, портпаролот на Фолксваген одби да коментира за „доверливи документи“, наведувајќи дека одлуките ќе бидат разгледани и одобрени од управните тела на компанијата.

ИЗДВОЕНИ