Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека Словачка нема да учествува во новите кредити на ЕУ за Украина.
Фицо во видео обраќање на „Фејсбук“ потсети дека одби да го поддржи заемот на ЕУ за Украина во измос од 90 милијарди евра.
Исто така, тој напомена дека Словачка ѝ е сосед на Украина и дека поради тоа двете земји мораат да се вклучат во дијалог и да бараат решенија кои нема дополнително да ги нарушат словачко-украинските односи, пренесе „Танјуг“.












