вторник, јули 21, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Европската комисија ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра поради...

Европската комисија ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра поради ризик од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи

37

Европската комисија денес објави дека ја казнила кинеската компанија „Али експрес“ (Ali Express) со 550 милиони евра за тоа што не го намалила ризикот од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи во е-трговијата.

Во соопштението на Комисијата се вели дека „Али експрес“ е казнета за кршење на одредбите од Законот за дигитални услуги (DSA) затоа што не проценил соодветно дали има доволно вработени за да ги контролира производите што се продаваат на нејзината онлајн платформа и затоа што нејзиниот систем за препораки прво им нудел нелегални производи на корисниците, а дури подоцна ги повлекол.

Комисијата тврдеше дека системот на компанијата за откривање на нелегални производи не функционира правилно, дека компанијата не ги спроведувала правилно своите правила за казнување на трговците кои продаваат нелегални производи и не успеала да ја спречи продажбата на фалсификувани производи.

Но, „Али Експрес“ има рок до 20 октомври оваа година да достави акционен план до Комисијата за отстранување на недостатоците.

Законот за дигитални услуги на Европската унија е сеопфатна правна рамка за одговорност во дигиталните услуги, регулирање на дигиталната содржина и транспарентност на дигиталните платформи во Унијата, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ