Резервите на гас во складиштата во Европската Унија никогаш не биле пониски отколку во 2009 година, пишува Блумберг.
Унијата сега останува да смета само на зимски увоз на течен природен гас.
ЕУ ќе престане да увезува течен природен гас од Русија од 1 јануари 2027 година, а сепак набавките во моментов се одвиваат со рекордно темпо: обемот на увоз се зголеми за 17 проценти помеѓу 18 март и 31 мај во споредба со истиот период во 2025 година.
Според „Блумберг“, европските складишта се полни со околу 57 проценти, што е најниско ниво во последните 17 години.
-Иако Европа значително го зголеми својот капацитет за увоз на течен природен гас – и малкумина на пазарот очекуваат физички недостиг – регионот ризикува да плати повисоки цени во случај на пораст на побарувачката оваа зима ако глобалната понуда остане ограничена. Европа, исто така, ќе мора да се натпреварува со Азија и другите региони, се вели во извештајот.












