четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Евакуација на македонски државјани од Бахреин: Во среда автобус до Ријад, па...

Евакуација на македонски државјани од Бахреин: Во среда автобус до Ријад, па специјален лет за Скопје

143

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги информираше македонските државјани кои се наоѓаат во Бахреин дека во среда ќе биде организиран нивен транспорт до Саудиска Арабија, од каде со специјален лет ќе се вратат во Македонија.

Според соопштението објавено на официјалната Фејсбук-страница на амбасадата, автобус на компанијата „Флајнас“ ќе тргне на 11 март во 06:00 часот наутро од Манама, Бахреин, кон Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад. Оттаму, граѓаните ќе бидат транспортирани со специјален лет организиран од Владата на Македонија.

Од амбасадата посочуваат дека на објавената локација во Манама е предвидено собирање на патниците пред поаѓањето на автобусот.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, претходно информираше дека во тек е координирана евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, која се очекува да биде завршена до крајот на неделата.

ИЗДВОЕНИ