Европската Унија официјално се придружи на повикот на Соединетите Американски Држави, Украина и другите меѓународни партнери за целосен и безусловно прекин на огнот во Украина во траење од најмалку 30 дена, пренесе Танјуг.
Ова е наведено во изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
„Европската Унија останува непоколеблива во својата посветеност на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, врз основа на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, и ги поздравува сите напори за постигнување таков мир“, се вели во соопштението.
Калас нагласи дека паузата во непријателствата може да биде клучен чекор кон намалување на „страдањето на цивилите и овозможување простор за значајни преговори за прекин на агресивната војна“.
Според неа, Русија сега мора да ја покаже својата желба за постигнување мир.
Поддршка дадоа и земјите-партнери кои не се членки на ЕУ, а учествуваа на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Лвов на 9 мај – Молдавија, Северна Македонија, Норвешка, Украина и Обединетото Кралство.
Учесниците на состанокот изразија солидарност со Украина и ја усвоија Лавовската декларација, која го поддржува формирањето на Специјален суд за гонење на воени злосторства во Украина.