Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денес одобрија заем од 90 милијарди евра за Украина, како и 20-тиот пакет санкции против Русија, објави кипарското претседателство со ЕУ.
Писмената постапка за конечно усвојување на овие две мерки, овозможена со укинувањето на унгарското вето, треба да биде завршена утре, се додава во соопштението.
Будимпешта се согласи да ги иницира овие чекори, но претходно го услови конечното одобрување со продолжување на испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина и кој Киев го пушти повторно во употреба денес, пренесе „Бета“.












