понеделник, јуни 8, 2026
Дома БАЛКАН Драма во Загреб: Вооружена тројка упадна во семејна куќа и ги нападнала...

Драма во Загреб: Вооружена тројка упадна во семејна куќа и ги нападнала домаќините, малолетник успеал да ги избрка

828

Загрепската полиција извести дека рано утрово, по четири часот, тројца непознати мажи влегле во семејна куќа во областа Максимир. Полицијата изјави дека сопственикот на куќата (65) и двајца членови на семејството, малолетник и 62-годишна жена, биле во куќата во тој момент, пренесе хрватски „24 сата“.

„Веднаш по влегувањето во куќата, тие физички го нападнале 65-годишниот маж и го повредиле со остар предмет. Во одбрана на нападот врз себе, тој успеал да го оттурне еден од сторителите од себе“, изјави полицијата.

Додадоа и дека еден од осомничените потоа му се заканил со огнено оружје.

– Малолетниот член на семејството потоа го удрил по главата со предмет што му бил на дофат, со намера да се одбрани, по што сите осомничени избегале – соопшти полицијата.

Се уште се трага по тројцата мажи осомничени за нападот, потврди загрепската полиција.

Тие исто така соопштија дека во овој инцидент е полесно повреден 65-годишен маж, на кој му е укажана медицинска помош во Клиничкиот болнички центар во Загреб. Во тек е кривична истрага и утврдување на сите околности.

ИЗДВОЕНИ