недела, јуни 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЕСМ ќе се жали на одлуката на обвинителството за мазутот за ТЕЦ...

ЕСМ ќе се жали на одлуката на обвинителството за мазутот за ТЕЦ Неготино

55

По одлуката на обвинителството за организиран криминал и корупција за запирање на постапката против 13 лица опфатени во истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, државното ЕСМ соопшти дека ја разгледуваат можноста за жалба.

„До овој момент, до АД ЕСМ сè уште не е доставено Решението од ОЈО ГОКК во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на Компанијата веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна Жалба, веднаш по официјалното примање на Решението. АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни механизми кои ни стојат на располагање за заштита на интересите на Компанијата“,

Истрагата беше затворена бидејќи нема докази дека осомничените ги сториле кривичните дела за кои се гонеа. Едногодишната проверка на документацијата и дејствијата не резултирала со основа за поднесување обвинение, изјавија од ОЈОГООК

ИЗДВОЕНИ