среда, октомври 7, 2026
Дома СВЕТ Епилог од протестот на ученици и студенти во Франција: Илјадници уапсени, стотици...

Епилог од протестот на ученици и студенти во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени

0
EPA/Firas Abdullah

За време на протестите на средношколците и студентите во градовите низ Франција беа уапсени вкупно 6.629 лица, а повредени се 761 полицаец, како и 215 студенти и 89 наставници, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез.

Тој изјави дека протестите брзо прераснале во сериозно насилство, а во нив е вклучен и најголемиот број училишта во Франција досега, а бројот на учесници е поголем од вообичаеното, пренесе БФМ ТВ.

Нуњез исто така тврди дека е „претерување да се зборува за полициска репресија“ за време на протестите на средношколците.

„Тоа е првата вистина што треба да се утврди: нема интервенција кога средношколците протестираат мирно“, изјави Нуњез.

Протестите на француските средношколци започнаа кон крајот на септември во Кретеј, предградие на Париз, а потоа се проширија низ целата земја, поттикнати од барањата за подобри училишни услови, зголемени инвестиции во образованието и решенија за недостигот на наставници.

Меѓу најтешко повредените лица за време на протестите се еден 15-годишен ученик кој ја загуби дланката откако беше погоден од патрона со солзавец во Ленс на 5 октомври, како и еден 14-годишник кој беше погоден во лицето со слична патрона во Сен-Уен-л’Омон на 28 септември, при што се здоби со тешки повреди на вилицата и забите.

 

ИЗДВОЕНИ