сабота, јуни 13, 2026
Дома БАЛКАН Еколошки инцидент во севрозападна Грција: Три мечки се пронајдени мртви- две биле...

Еколошки инцидент во севрозападна Грција: Три мечки се пронајдени мртви- две биле застрелани, третата починала од отровна мамка

181
Фото:википедија

Властите во Грција и грчките еколошки организации потврдија дека три мечки се пронајдени мртви во северозападниот дел на земјата во последните денови, а според собраните докази, смртта на животните е резултат на нелегални човечки активности.

Две мечки беа застрелани, а една очигледно почина од отровна мамка, објавува ERT News.

Првиот инцидент е пријавен во Лерин и се однесува на возрасна машка мечка, стара околу осум години и тешка 170 килограми, која беше пронајдена мртва на автопатот Егнација, на делницата Лерин-Кожани, со три прострелни рани, една во вратот и две во грбот.

Истражителите веруваат дека мечката влегла во блиското поле со пченка во потрага по храна и таму била застрелана.

Во друг инцидент, кој исто така се случил во Лерин, млада женска мечка, стара само 2 години, била пронајдена мртва во шумска област.

Првичните извештаи од експертите укажуваат дека нејзината смрт веројатно е предизвикана од консумирање отровна мамка, но властите ги чекаат резултатите од токсиколошките тестови за дефинитивно да ја утврдат причината за смртта.

Третиот инцидент се случил во Пилора, во општина Војо, каде што уште една 2,5-годишна машка мечка била пронајдена мртва, убиена со огнено оружје.

Еколошката организација „Калисто“ потсетува дека кафеавата мечка е строго заштитен вид и дека нејзиното убивање или повредување е кривично дело. „Калисто“ ги повикува граѓаните веднаш да ги известат властите во случаи на појавување на мечки во близина на станбени области и да избегнуваат дејствија што би можеле да ги загрозат луѓето и животните, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ