понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор

Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор

139

Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор.

„За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор. За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор“, велат од Обвинителството.

Во куќен притвор одат Ратко Димитровски и Николчо Илиjев, како и поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска -Димоска.

Во пожарот кој се случи на 16 март годинава во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а има и голем број повредени.

ИЗДВОЕНИ