четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка...

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

85

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

– Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот – потенцираше Клековски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна рано наутро на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.

ИЗДВОЕНИ