петок, јули 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ДЗС: Пожарот на локалната депонија во Валандово е локализиран, на терен делуваа...

ДЗС: Пожарот на локалната депонија во Валандово е локализиран, на терен делуваа и два ер – трактори

0
Фото:ЦУК

Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори.

По пријава за пожар кај валандовското село Удово, истовремено избил пожар на локалната депонија во Валандово, кој ветрот се проширил на околната ниска вегетација, а потоа и на ридовите на кои, вели директорот на ДЗС, теренот е исклучително тежок за движење.

Околу 13:30 часот попладнево изби пожар во атарот на валандовското село Удово – информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Пожарникарите веднаш биле упатени на терен, но речиси истовремено избил уште еден пожар на локалната допонија до Валандово, кој од ветрот се проширил на околната ниска вегетација.

„Пожарот на градската депонија во Валандово, за кој градоначалникот е убеден дека е намерно запален, поради ветрот излезе надвор од депонијата и се прошири на околниот простор. Благодарение на втората тура пожарникари кои веднаш беа упатени овде, пожарот беше совладан да не се рашири кон другите страни од депонијата, но побегна горе на ридиштата, каде што теренот е исклучително тежок за движење“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

На барање на градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, активирани се два „ертрактори“ на ДЗС.

„Врз пожарот е воспоставена делумна контрола, но сè уште е активен на еден негов крак“,

вели Ангелов, додавајќи дека пожарот кај валандовското село Удово е изгаснат.

ИЗДВОЕНИ