вторник, јули 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Двајца крадци во Скопје фатени на дело: Се обиделе да одземат сеф...

Двајца крадци во Скопје фатени на дело: Се обиделе да одземат сеф со пари од фирма за брз трансфер

67

Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 22.05.2026 околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ