среда, август 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Државата и бизнисот мора заеднички да ги активираат развојните потенцијали

Државата и бизнисот мора заеднички да ги активираат развојните потенцијали

0

Државата, општините и бизнисот мора заеднички да ги активираат развојните потенцијали. Поголемата соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, привлекувањето инвестиции и развојот на туризмот беа главни теми на средбата меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски.

На состанокот беше истакната потребата од создавање подобри услови за развој на малите и микро бизниси, како и за поттикнување нови инвестиции. Според Азески, за целосно искористување на локалните потенцијали е потребно партнерство меѓу државата, општините и приватниот сектор, особено во делот на развојот на претприемништвото и туризмот.

Градоначалникот Бајовски посочи дека целта е Чучер Сандево да се позиционира како атрактивна туристичка и инвестициска дестинација, користејќи ги природните и културно-историските ресурси со кои располага општината.

Како значајни предности беа посочени планинската местоположба, шумските предели, можностите за развој на рекреативен и спортски туризам, како и фактот дека општината нема значајни индустриски загадувачи.

На средбата, на Азески му беше доделена благодарница за поддршка на развојот на локални и рурални бизниси.

ИЗДВОЕНИ