недела, септември 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Македонската берза со водич за компаниите што сакаат раст преку пазарот на...

Македонската берза со водич за компаниите што сакаат раст преку пазарот на капитал

30

Македонска берза АД Скопје ја започна иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“, наменета за домашните компании кои бараат нови начини за финансирање на растот и развојот.

Во рамки на иницијативата е изготвен „Водич за трансформација и раст на бизнисите“, кој на едноставен начин ги објаснува можностите што ги нуди пазарот на капитал – од издавање акции и корпоративни обврзници до подготовка за котација на берза и подобрување на корпоративното управување.

Водичот е наменет за сопственици и менаџери на компании кои планираат нов инвестициски циклус, проширување на бизнисот или обезбедување долгорочен капитал.

Покрај тоа, во текот на август Берзата организира и бесплатни индивидуални консултации за компаниите заинтересирани за пазарно финансирање, вклучително и преку проектот за подготовка на македонски компании за пристап до капитал, кој се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Од Берзата посочуваат дека целта е компаниите подобро да ги искористат можностите што ги нуди пазарот на капитал како инструмент за развој и зголемување на конкурентноста.

ИЗДВОЕНИ