На 10 мај, кај Школката во Градскиот парк, ќе се одржи инклузивен настан во организација на Здружението „Аутизам ААМК“, посветен на подигнувањето на свеста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање во општеството.

Настанот, кој се организира по седми пат од 2018 година, ќе трае од 11:00 до 14:30 часот и ќе понуди спортски, забавни, едукативни, музички и ликовни активности, како и сценски настапи. Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани.

Целта е преку игра и дружење да се поттикнат инклузија, разбирање и рушење на предрасудите, со порака дека децата со атипичен развој сакаат и заслужуваат да бидат дел од секое дружење и заедничка игра.

ИЗДВОЕНИ