недела, ноември 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Македонија на третото место во Европа според младинската невработеност

Македонија на третото место во Европа според младинската невработеност

0

Македонија е меѓу европските земји со највисока младинска невработеност. Со стапка од 29 отсто во вториот квартал од 2026 година, земјава се наоѓа на третото место меѓу 35 европски држави, покажува анализа на „Еуроњуз“, базирана на податоците на „Евростат“.

Тоа значи дека речиси секој трет економски активен млад човек на возраст од 15 до 24 години во земјава е без работа. Повисока невработеност има само во Босна и Херцеговина, со 32,2 отсто, и во Романија, со 30,7 отсто. На спротивниот крај се Германија и Малта, каде што стапката е под осум проценти.

Проблемот е присутен и во Европската Унија, каде што младинската невработеност е трипати повисока од онаа кај населението на возраст од 25 до 74 години.

Како главни причини за тешкото вработување на младите се посочуваат недостигот од работно искуство, отежнатиот премин од образованието кон пазарот на трудот и неусогласеноста меѓу стекнатите квалификации и потребите на работодавците.

Податоците повторно го отвораат прашањето за можностите што им ги нуди домашната економија на младите и за создавањето доволно работни места што ќе им овозможат професионална перспектива во земјава.

ИЗДВОЕНИ