четврток, јули 23, 2026
Дома БАЛКАН Драма во Турција: Маж со пушка упадна во училиште, најмалку 18 се...

Драма во Турција: Маж со пушка упадна во училиште, најмалку 18 се повредени/ВИДЕО

68
screenshot X

Во Шанлиурфа, во јужна Турција, денеска се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж влегол во училишната зграда и отворил оган од пушка.

Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и ученици.

Турските медиуми објавија дека напаѓачот бил поранешен ученик на училиштето, кој по пукањето извршил самоубиство.

Локалните медиуми објавија неколку моменти претходно дека напаѓачот останал во училишната зграда по пукањето и дека држел некои ученици како заложници.

Полицијата веднаш го опколи поширокото подрачје и воведе строги безбедносни мерки, додека на местото на настанот беа испратени и специјални полициски единици и тимови за итни случаи.

На социјалните мрежи и локалните медиуми се појавија снимки на кои се гледа како учениците панично бегаат од зградата кога започнала пукотницата.

Се наведува дека бил вооружен со пушка.

ИЗДВОЕНИ